ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Зошто да не ја пробате оваа пица ?
    Зошто да не ја пробате оваа пица

    Зошто да не ја пробате оваа пица ?

    Пицата ја обожуваме сите. Затоа е секогаш одличен избор за ручек или вечера. Уште подобро е ако таа е хранлива и здрава. Погледнете го подолу овој рецепт и пробајте го, ќе се изненадите колку е вкусен а притоа и здрав. 

    Потребно е:

    4 шолји изблендиран карфиол

    2 големи јајца

    3 шолји моцарела сирење

    1 лажица сушено оригано

    1 лажица сушен босилек

    2 лажици бел лук во прав

    1 шолја доматов сос

    12 листови свеж босилек

    1 домат

    ¼ шолја пармезан

    pizza, healthyfood, здрава храна, пица, roditeli, deca, родители, деца, babyshop

    Припрема:

    1. Ставете го карфиолот во блендер. Потребни се 4 шолји. Сварете го карфиолот и оставате го да се олади.

    2. Додадете го јајцето, 2 шолји моцарела сирење, босилек и бел лук во прав и помешајте.

    3. Загрејте ја релната на 230°C. Ставете го на хартија за печење која благо ќе ја попрскате со масло.

    4. Поделете ја смесата на 12 топчиња па обликувајте ги како тесто за пица. (оставете место меѓу нив околу 10-тина сантиметри)

    5. Печете во релна 15тина минути додека тестото не порумени ( краевите може да станат кафени и тоа е во ред )

    6. Извадете го тестото од релна, намачкајте сосот од домати (дома припремен или готов производ)- по избор, потоа распоредете ја моцарелата (1 шолја), пармезанот, доматот во кришки, листовите босилек. Ставете го повторно во релна околу 5 минути.