ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Зошто децата прозборуваат на англиски јазик?
    Зошто децата прозборуваат на англиски јазик

    Зошто децата прозборуваат на англиски јазик?

    Во период од раѓање до шестиот месец, бебето почнува да го усвојува говорот на неговите општи особини и по тој оснос тргнува кон усвојување на својот мајчин јазик. Буквите како што се, х, г, ј, л, п најчесто се јавуваат во периодот до 6тиот месец по раѓањето, кои што се резулта од движењето на говорните органи и моторни реакции на детето кои што се помалку застапени или пак се губат во периодот кога децата почнуваат да зборуваат каде што ги кажуваат буквите како т, д, м, б. Ова можеме да го објасниме со сознанието дека формирањето на првиот збор се изговата под влијание на околината и стимулирање токму на оние букви во зборовите, мама, тато, баба и дедо.
    Претходното исуство игра значајна улога и претставува предуслов за понатамошен развој за говорот и мајчиниот јазик. Сето ова се случува доколку постои говорна стимулација од страна на родителот и тоа преку директно обраќање на детето или пуштање на музика на македонски јазик бидејќи како што кажавме детето е во периодот после раѓање односно во предјазичната фаза е спремно да констатира и да го развие јазикот кој го слуша и кој е најмногу сложен.
    Доколку таа стимулација од страна на родителот и опкружувањето не се воспостави во период кога детето е најосетливо и најспремно да препознае и усвои правилен говор и јазик без обзир што сеуште не збори, детето може да има потешкотии со прозборувањето. Доколку му пуштата песнички или цртан филм на друг јазик може да се случи тоа да почне да го употребува тој јазик.
    Што треба да направиме да не дојде до тоа?
    Едноставно е, не многу комплицирано и ништо револуционерно. Не уклучувајте телевизор и не пуштајте цртани филмови на друг јазик. Не му го давајте на вашето дете мобилниот, таблетот и лаптопот.

    deca, majka, roditeli, stranskijazik, angliskijazik, babyshop. деца, мајка, странскијазик, англискијазик
    Во периодот од раѓање па до прозборување до околу 2 годинишна возраст, доколку детето не презбори ништо, нема потреба да го изложувате на цртани филмови и бебешки канали на англиски јазик бидејќи тие не носат никаква корист за детето. Потребно е родителите, воспитувачите, бебиситерките, бабите и дедовците во тој период да му обрнат повеќе внимание на детето и да работата со него, зборувајќи му првично на мајчиниот јазик. За учење на странски јазик ќе дојде време и не треба нигде да се брза, едноставно нема потреба. 

    Користење и баратење по компјутерите, таблетите и било кој друг вид на најнова технологија,секако ќе дојде ден кога вашето дете лесно ќе ги совладува и бидете сигурни дека нема да касни.
    Но, доколку детето не прозбори на време или прозбори странски јазик, тогаш тој губиток тешко може да се надокнади за поставување и прозборување на мајчиниот јазик.
    Во овој период ( период на прозборување до 2 година) детето треба да биде изложено на мајчиниот јазик и да има директна комуникација со родителите и опкружувањето на тој јазик. Детето учи преку слушање од оној кој му говори.

    Така да, земете го своето дете во сопствено криво, зборувајте му, гледајте го додека говорите, читајте му приказни, опишувајте слики во сликовниците, гледајте семејни фотографии. Вашиот говор треба да биде јасен, гласен, разбирлив. Користете кратки реченици. Излезете во парк, седнете на клупа или трева и пратете заедно што се случува и прераскажувајте го. Коментирајте ги луѓето, природата, животните. Детето сигурно ќе го примери вашиот лик, усни, очи, гримаси на лице додека му зборите, така тоа ќе се заинтересира да зборува.
    Направете од говорот интересна игра за вашето дете да не може да одолее.