Зошто е добро да купувате преку интернет?
Сигурно се прашувате, “зошто да купувам преку интернет?” – се има во продавниците, полесно ми е да купувам како и до сега, несигурно е купувањето online, едноставно немаме гаранција… и уште многу други причини.
Но веќе се наоѓате на овој веб сајт, и тоа е одличен чекор. А, кога сте веќе тука, прочитајте ги причините зошто е подобро купувањето online.
1. Комфорност
Да, дефинитивно комфорноста ќе ја ставиме на прво место. Можете лежејќи од вашиот кревет да купувате online, додека го пиете утринското кафе, дури додека сте во тоалетот. Од вашиот мобилен, компјутер, лап-топ, таблет. Да, буквално од секаде. Звучи одлично, ќе признаете!
2. Заштедувате време
Сигурно ви се случило да чекате во редици за да купите некој производ, да заглавите во сообраќај трчајќи да купите подарок за роденден на вашите роднини, другарчиња на вашите деца, внуче, комшиче и слично. Се е тоа поради недостиг на време нели? Да денес начинот на живот ни е многу брз, во трка сме со времето. Затоа купувањето online ќе го заштеди во целост вашето време. Тоа е само причина една причина зошто www.babyshop.mk отвори online продавница!
3. Купуваш 24/7
Можеш во било кое време од денот да го купиш посакуваниот производ за да го направиш денот поубав на некое твое омилено дете, а тоа е огромна предност нели? Вака не мора да брзате и да чекате пред продавниците да отворат за да го купите производот или можеби да не ви го купи некој друг. На овој начин сте по сигурни дека производот ќе биде ваш, односно ќе му припадне на вашето омилено дете. Ете уште една причина зошто www.babyshop.mk постои!
4. Достава до дома или посакуваната адреса
Ова е причина плус, како да заштедите на време и да не се заморувате со гужвите по продавниците или сообраќајот. Тоа време е многу подобро да го потрошите на вашето омилено дете. Нели? Достава до дома, прекрасно! Динг- донг, вашиот порачан производ на врата. Веројатно ќе си помислите, како порано не го измислија ова? Но зошто оваа опција да не ја искористите за да изненадите некое дете? Зарем има нешто поубаво од радоста на тоа дете. Бесценето нели? Ете уште една причина зошто www.babyshop.mk постои.
5. Секоја online продавница има своја политика и гаранција за враќање.
Само оние што се регистрирани компании и кои имаат цел да ги задржат купувачите и да добијат нови ја користат опцијата за враќање на производот и враќање на парите во целост, секако од причини кои се доволно веродостојни за истото. Babyshop.mk е од овој вид на електронски продавници. Сигурно сте сретнале разни натписи дека ”купената роба не се враќа”. Според нас, тоа е против секој законoт, што значи во babyshop.mk ”купената роба се враќа” – доколку е тоа единствено решение, се разбира.
6. Безбедно плаќање
Постојат различни приказни на оваа тема, но една е дефинитивно точна. Колку пати ви се случило да носите пари во џебот и да ги изгубите. Преку online купувањето ова е невозможно. Плаќањето се врши преку банкарска картичка и тоа било која. Се врши преку специјализирани компании кои 24/7 го следат купувањето. Исто така е многу важно да се каже дека online продавниците немаат воопшто пристап до податоците за вашата картичка. Единствените податоци што ги имаат се податоците кои се потребни за достава и потврда за успешно извршена трансакција. Да драги мои, ова е единствената вистина! Исто така мора да потенцираме дека плаќањето со картичка е секако побезбедно и далеку по правилно одколку купувањето во кеш без потврда за извршена наплата како што е фискална сметка или пак банкарско апаратче за наплата. Сигурна сум дека ќе се согласите со нас! Причина плус зошто www.babyshop.mk постои.
Ние сме детска онлајн продавница, бидејќи семејството ни е пред се !
Бидете и вие дел од нашиот тим, и тоа како читатели на блогот, купувачи на online продавницата и партнери кои својата доверба ќе ни ја доверите на нас.
Добредојдовте кај нас!