Зошто е добро да се раѓа после 30-тата.?
Жените кои родиле после 33-тата година од животот имале подолг век на живеење, според истражувањето кое е спроведено на 462 жени од Универзитетски центар во Бостон. Ова истражување покажало дека животниот век на жените кои родиле после 33-тата година живеат дури и до 95-тата година за разлика од оние жени кои родиле во доцните 20.
Fox News известува дека оние кои родиле после 40-тата и затрудниле по природен пат го доживеале и 100-тиот роденден за разлика од мајките кои родиле рано во младоста.
Жените кои по природен пат останале трудни во по зрели години, репродуктивниот систем поспоро им старее. Ова го има истакнато др. Томас Перлс.
“Колку е жената подолг период плодна, веројатноста генот да се пренесе и на другите генерации е голема, изјави Перлс
Раните истражувања потврдиле дека не очекуваниот животен век влијае на животниот стил и генетика, со што околу 80 проценти влијае на животните навики а 20 % зависи од генетскиот материјал. Меѓутоа, таа веројатност се намалува доколку жената роди 3 деца.