ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Зашто е добро децата да растат со милениче ?
    Зашто е добро децата да растат со милениче ?

    Зашто е добро децата да растат со милениче ?

    Зашто е добро децата да растат со милениче ?

    Се почесто слушаме дека е одлично децата да растат со милениче. Без разлика дали станува збор за куче, маче, папагалче, хрчаче или било коедруго животинче кое е наменето за чување во домот појасно ни станува дека тоа има многу позитивно влијание врз развојот на децата од здравствен, емотивен, социјален и секаков развоен аспект. Се разбира за убаво и успешно растење на дете и милениче одговорноста паѓа на возрасните кои треба да го контролираат, одржуваат и насочуваат позитивниот развој. Еве неколку причини зашто ако немате набрзо да земете миленик се разбира ако имате можност вистински да се грижите за него.
    -Истражување на група педијатри докажало дека децата кои растат со куче имаат дури 31% помалку шанси да развијат респираторни проблеми и асма и се поотпорни и на други видови на заболувања.-Децата кои имаат миленик во домот имаат поголема самодоверба
    -Живеењето и грижа за миленик го зголемува чуството за емпатија и сочуство со другите а кај момчињата овозможува развивање на чувство на „играње родител“ со што развива чувство за грижа за другите (девојчињата тоа го доживуваат со грижа за своите кукли)
    -Хранењето и грижата за миленичето создава чувство на одговорност
    -Галењето на миленикот го намалува чувството на осаменост и анксиозност и го намалува стресот.
    -Децата кои имаат проблем со читање ефективно го надминуваат кога им читаат на своите миленици бидејки во присуство на својот најдобар пријател нивото на стрес е многу намалено.
    -Милениците секогаш ке бидат тука да го утешат вашето дете и со тоа децата развиваат позитивни емоции.
    -И секако безусловната љубов која ја нудат во детското срце ке донесе мир, радост и среќа.
    Секако пред да земете било каков миленик во вашиот дом најдобро би било да одите во било која ветеринарна станица и да се информирате за одговорностите, обврските, трошоците кои доагаат заедно со вашиот миленик. Бидете одговорни и свесни дека мачето, кучето, папагалот и било кој друг миленик живее со години и тоа не е играчка која може да ја фрлите кога ке ви здосади,тоа е живо суштество кое има чувства, кое се разболува, кое е тажно, гладно, извршува физиолошки потреби, треба да се воспитува и да му се посвети време, внимание и енергија. Ако се одлучите да земете миленик тоа е за целиот негов живот, сакајте го а тоа ке ви подари на вас безусловна љубов.
    Нашиот дополнителен совет е вдомете милениче без разлика дали е расно или мешано, од улица или од некој фамилија која има за вдомување, сите тие имаат истоо срце полно со љубов за давање.

    превземено од www.kulturno.mk