Зошто трудниците не смеат да креваат и носат ништо тешко?
Зошто трудниците не смеат да креваат и носат ништо тешко?
Посебно кога стомакот ќе почне да расте во текот на бременоста, постојат неколку важни причини кои откриваат зошто подигнувањето на тешки предмети во бременоста може да биде опасно.
Во бременоста лигаментите стануваат флексибилни, а зглобовите нестабилни, со што се зголемува можноста за повреда. Како стомакот расте, тежиштето се преместува понинско па расте притисок во долниот дел на грбот кој станува загрозен.
Промената на тежина може да предизвика недостаток на рамнотежа која ја зголемува веројатноста дека трудницата може да падне и да се повреди себе и детето.
Кога сте бремени, а морате да подигнете тежок предмет, важен е начинот како го правите тоа.
Свиткајте се во колена, грбот држете го право и користете ги мускулите на нозете повеќе од мускулите на грбот. Доколку тежината е толку голема што поттикнува сериозни напрегнувања, не кревајте, замолете некој друг да ви помогне.