ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Зошто бебето не сака да спие а е поспано
    ЗОШТО БЕБЕТО НЕ САКА ДА СПИЕ А Е ПОСПАНО

    Зошто бебето не сака да спие а е поспано

    Ги трие очињата и е поспано, а не сака да заспие? Еве зошто….

    Бебиња-преслатки и немоќни суштества кои во потполност зависат од вас, имаат моќ да ве насмеат и усреќат, но и да ве фрустрираат-како на пример да не сакаат да спијат.

    Голем број родители ги мачи иста мака-бебето не сака да спие, а исцрпените родители постојано бараат одговор за тој проблем.

    Консултантот за сон Луси Волф вели дека не е вистина дека бебињата се спротивставуваат на спиењето бидејќи не сакаат да спијат или се љубопитни. Причината тврди таа е многу едноставна-многу се уморни.

    Телото се бори со исцрпеноста и заморот на многу специфичен начин. Процесот на спиење е одреден со биолошки часовник и хормонска интеракција. Кога детето е многу уморно и пробува да заспие, доаѓа до хемиска реакција. Тогаш се ослободува кортизолот и адреналинот кои му отежнуваат на детето да не може да заспие, а и ако заспие не спие мирно-се буди, објаснува таа.

    Луси кажува дека решението е во тоа да го заспиете детето пред премногу да се замори.

    Тој преголем замор најчесто се гледа по тоа што бебето ги трие очињата, зева, стега тупаница, ги растегнува рачињата и нозете, а некои деца стануваат хиперактивни и сакаат да си играат. Некои сакаат да гледаат цртани филмови или да се галат со мама.

    Решението е во тоа, смета таа, да го заспиете бебето пред да се појават овие симптоми, а и некои општи препораки за заспивање на бебето може да ви помогнат.

    Нема да ви штети да знаете дека е препорачливо бебињата кои се на возраст од четири до осум месеци да имаат  растојание од едно до друго спиење од два до два и пол часа, а последното спиење да им биде до 17 часот.

    Децата од осум до 18 месеци потребно е да спијат на растојание од три и пол до четири часа, а последното спиење во текот на денот да им биде до 15 или 15,30 часот.

    Децата помеѓу една и пол година и три години потребно е да спијат на растојание од четири до пет часа и последното дневно спиење да им биде најдоцна до 14,30 или 15 часот.

    Се советува децата да бидат во кревет најдоцна околу 20 часот.