ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Зошто бебињата ги сакаат игрите со криење?
    Зошто бебињата ги сакаат игрите со криење?

    Веројатно многу пати сте забележале дека секое бебе ужива во играта со криење позади рацете.

    Меѓутоа, дали сте знаеле дека на овој начин бебето го развива својот мозок?

    Многу бебиња ја обожуваат оваа игра, иако не сме баш сигурни поради што. Зошто тоа толку го сакаат? Дали навистина мислат дека сме изчезнале? Дали е тоа магија и изненадување поради повторното појавување?

    Докторката Даниела Фишер за порталот “Ромпер” изјави дека бебињата ја сакаат играта со криење поради тоа што се во интеракција со среќно лице и тоа за нив е игра – личноста изчезнува и веднаш се појавува, па тоа им е многу интересно.

    Некои педијатри истакнуваат дека ова има врска со “постојаноста на објектите”. Кога бебето има околу шест месеци, почнува да сфаќа дека стварите кои изчезнуваат, не мора да значи дека се изчезнати засекогаш.

    Она што е надвор од нивниот видик и понатаму постои, иако тие тоа не можат да го видат во одреден момент. Затоа и играта со криење им е многу забавна и им помага во стимулирање на мозокот.

    Почнуваат да сфаќаат дека дури и кога нешто ќе изчезне, може и понатаму да биде тука, само скриено. До тој период, бебињата не разбираат дека она што е скриено и понатаму е тука, туку мислат дека доколку не го гледаат, тоа е изчезнато засекогаш.

    Играта со криење влијае на развојот на бебето, така што Фишер истакнува дека таа е “показател на прилагоден развој во просторот на когнитивното и визуелното, односно дека покажува дека постојаноста на објектот е остварена”.

    Овој феномен “постојаност на објектите” доаѓа од швајцарскиот развоен психолог Пјаџет, кој зборува за тоа дека децата ги поминуваат првите две години од својот живот работејќи на “постојаност на објектите”.

    Играта со криење е совршен баланс на она што бебето го знае за животот, што е способно да контролира и она што сеуште го изненадува.

    Можете да ја играте оваа класична игра со своето бебе на неколку различни начини, во зависност од возраста. Ова можете да го играте дури и со новороденче, затоа што новородените бебиња секогаш се фасцинирани од лицата, па би го гледале Вашето лице повеќе од било што друго на светот.

    Другата варијација е кога Вашето дете ќе порасне да му криете ствари под перницата или ќебето, па да ги откривате со изненаденост.

    Мозокот на Вашето бебе се развива непрекинато и е многу забавно да се набљудува како истото се случува. Бебињата ја сакаат играта со криење затоа што почнуваат да учат дека она што е изчезнато не значи дека е изчезнато засекогаш, а освен тоа постои и елемент на изненадување кој исто така го стимулира мозокот.

    Кој знае, можеби ова ќе ги научи да престанат да врескаат кога ќе отидете позади аголот, затоа што ќе сфатат дека сеуште сте тука.