Зошто бебињата ја сакаат играта со криење?
Играта со криење ја користи темелната структура на сите добри шеги – изненадување после очекување.
Играта со криење е игра која со бебињата се практикува насекаде во светот, без оглед на јазикот и навиките. Зошто е толку универзална? Затоа што е многу важно средство за учење.
Станува збор за игра во која една личност со раце, крпа или некој сличен предмет си го прекрива лицето како да се скрила па потоа го открива, што доведува до насмевки кај бебињата од неколку месеци. Таа иста работа секогаш им е смешна.
Бебињата не читаат книги и не познаваат многу луѓе па изненадувачката долговечност и друштвената универзалност на играта со криење покажува дека таа предизвикува реакции во мозокот на детето.
Теоријата е дека бебињата уживаат во оваа игра затоа што се изненадени со појавата на лицето со оглед на тоа дека било скриено. Иако тоа нам не ни се чини смешно и интересно, децата кои доживеале многу помалку од нас, стануваат изненадени од невообичаените предмети и постапки.
Изненадување после очекување
Во почетокот се им е збунувачки, а со тек на време учат дека има смисол она што се случува околу нив. Швајцарскиот психолог Жан Пигет го нарекува тоа “принцип на перманентност на објектите” и посочува дека децата првите две години ги поминуваат во сфаќање на тоа начело.
Од таа перспектива, играта не е само шега, туку им помага на децата секој пат одново да го тестираат фундаменталното начело на постоењето: дека работите можат да бидат на некое место иако таму не ги гледаме.
Играта со криење ја користи темелната структура на сите добри шеги – изненадување после очекување. Научникот Хенри Глајтман и неговите соработници направиле тест со бебиња од шест, седум и осум месеци. Во некои случаи се појавувала личност која после криењето била истата, а во други случаи би се појавила друга личност. Снимките од децата ги оценувале независни набљудувачи и проценувале колку децата се смееле.
Интересно е тоа дека децата кога ќе се појавела друга личност помалку се смееле отколку кога после криењето се појавувала истата личност која се скрила.
Последаната тајна на популарноста на играта со криење е тоа што детето стекнува нови способности па на крајот тоа почнува и самото да се крие и со тоа не тера на игра. Напредувањето во играта го покажува она што детето го учи за светот, она што го изненадува. Така учи да го препознава, а потоа и да го контролира она што го гледа.
А ние возрасните толку уживаме во нивните насмевки, што таа едноставна игра можеме секогаш да ја играме.