ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Зошто децата плачат кога се во близина на Дедо Мраз?
    Зошто децата плачат кога се во близина на Дедо Мраз?

    Зошто децата плачат кога се во близина на Дедо Мраз?

    Хо, хо, хо. Колку пати сте го слушнале овој длабок празничен поздрав и детско плачење во позадина? Каде и да се најде овие денови Дедо Мраз опкружен со голем број на деца, големи се шансите барем едно или две да заплачат.

    Некои деца стануваат анксиозни во присуство на непознати личности, а Дедо Мраз, несекојдневна појава со долга брада и необичен костум, е многу повеќе од странец. Тој зборува поинаку, поинаку се движи, носи облека каква што не носат другите – со други зборови, тој е поголем странец од било кој друг странец.

    Првиот страв ќе се зголеми ако детето се стави во скутот на Дедо Мраз, пред од далечина да го проучи и полека да се ослободи од стравот. Додадете го на тоа и фактот дека лицето на Дедо Мраз не се гледа од густата брада и големата капа, па и тоа дека вашето дете никогаш не седело во скутот на некој странец и ќе сфатите дека тоа е права катастрофа.

    Затоа што не му го гледа лицето детето не може да процени во каква емоционална состојба е Дедо Мраз, дали е лут или вознемирен или нешто сосема трето.

    Децата на возраст од 15 месеци до 7 години не се во состојба да прават разлика помеѓу стварноста и фантазијата. Во тој период од животот децата се плашат од чудовишта, а тоа може да биде и Дедо Мраз или Мики Маус, личности кои возрасните ги сметаат за добри.

    Што треба да прават родителите на кои децата им се плашат од Дедо Мраз? Никогаш немојте да барате од нив да бидат цврсти и да го совладаат стравот. Тоа само ќе ги влоши работите: детето на средбата со Дедо Мраз ќе гледа како на нешто страшно. Наместо тоа, земете го детето од скутот на Дедо Мраз и оддалечете се од него така што детето може да го гледа додека е на сигурно.

    Ако детето се смири, пробајте полека да се приближите до Дедо Мраз, застанете и пак гледајте од сигурна позиција. Целта е да се намали стравот на детето доближувајќи се со мали чекори на полжав, за да не дојде до напад на паника. Кога детето ќе престане да плаче, прашајте го дали сака да застане во ред и повторно да проба. Ако не сака, немојте да го присилувате.

    Стручните лица ги советуваат родителите да пробаат да ги припремат своите деца за средбата со Дедо Мраз со помош на книги, анимирани филмови, цртани филмови. Дури можете и дома да се маскирате во Дедо Мраз и тоа е сосема во ред.

    Драги родители, знајте дека Нова Година и Божиќ ќе бидат среќни и весели и без да седне вашето дете во скутот на Дедо Мраз. Детето ќе ја почувствува волшебноста на празниците и ако не доживее блиска средба со Дедо Мраз.