Зошто е добро за бебето да ползи што е можно повеќе
Педијатрите сметаат дека лазењето е добро, бидејќи децата така полесно и побрзо проодуваат, постабилни се, побезбедни и помалку е веројатно да паднат.
Кога се на возраст од осум месеци, бебињата најчесто можат да седат самостојно, можат да ја променат својата позиција, а со помош на рацете се потпираат на страната каде што сакаат да се свртат. Следниот чекор за многу од нив е – ползење , што значи дека се љубопитни и сакаат да се запознаат со средината. Тие се смеат, бидејќи конечно тие можат сами да одлучат каде сакаат да одат.
Педијатрите сметаат дека лазењето е добро, бидејќи децата полесно и побрзо проодуваат, постабилни се, побезбедни и помалку е веројатно да паднат. Затоа ги советуваат родителите дека помеѓу седмиот и деветтиот месец треба да ги мотивираат своите деца да лазат, ставајќи нешто пред нив за да се поткренат, бидејќи таквите движења доаѓаат од љубопитност. Првично, техниката се користи влечејќи се, како воено, а потоа на четири нозе, со поддршка на испружените раце и колена. Техниката сигурно зависи од тоа колку се силни рацете и колку лесно можат да ги отворат дланките и да се потпрат на површината.