
Зошто е важен сонот за бебето
Зошто е важен сонот за бебето?
Бебињата спијат за да се одморат и да го рекапитулираат претходниот ден – речиси исто како и возрасните, освен што бебиња растат и учат интензивно, што уште повеќе го исцрпува нивното мало тело. Затоа, сонот е неопходен исто како како храната, љубов и грижата. А и на родителите им годи малку пауза додека нивните ангелчиња спијат.
Право место
Како возрасните така и бебињата, сакаат да имаат удобно, чисто и топло место за спиење. Иако на почетокот бебињата можат да спијат каде што ги оставиш, тие брзо ќе покажат што сакаат и што не. На почетокот, можеби, Вашето новороденче ќе го покаже стравот од просторијата и креветот што Вие сте го одбрале за него. Немојте да бидете изненадени од тоа – новороденчето е мало а креветчето е огромно за него. Најдете му нешто помало: стара лулка, кошница, количка, транспортер…
Смирувачки движења
Додека бебето е во матката, може да се забележи дека тоа е смирено кога се движите, а почнуваат да се движат кога малку ќе “земете душа”. Затоа, кога сакате да го смирите, земете го и лесно лулајте го или нишкајте го – овие движења се совршени за заспивање.
Пријатни звуци
Додека е во стомакот бебето го забавуваат, откуцувањето на вашето срце, кркорењето на стомакот, вашиот глас. Вистина сега не може да ги обезбедите сите овие звуци, но не оставајте го во целост во тишина. Бебето е навикнато на звуците “од позадина” и обезбедете му го тоа. Најдобрите играчки се играчки кои ја повторуваат истата, смирувачка музика. Нека го слуша телевизорот од другата соба, музика или некој апарати за домаќинство кои не прават врева, но некако зујат(вентилатор, компјутер, клима уред,аспиратор…)
Собата на бебето
Ако бебето нема посебна соба, спалната соба е сосема доволна за ноќен сон. Тишината и мирот се потребни за спиење на здраво бебе. Сепак, не се одалечувајте премногу од бебето, за да можете да го слушнете ако плаче. Интерфонот за бебиња совршено може да послужи ,но важно е да се реагира на време кога бебето ќе почне да плаче,за да се избегне она страшно хистерично викање.
Дневна дремка
Ако бебето се нема доволно наспиено во текот на денот, кога ќе дојде времето за спиење, тоа може да биде нервозно и да му се спротивстави на спиењето. Погрешно е тоа што некои мајки, чии бебиња не спијат ноќе, се обидуваат да ги задржат бебињата будни во текот на денот. Во таков случај спиењето треба да биде ограничено.
Доволно свеж воздух во текот на денот, исто така, придонесува за добар сон, но внимавајте ако сте се породиле во текот на зимата.