Зошто е важно да имате ќерка
Во многу култури, родителите повеќе се радуваат на синовите одошто на ќерките, но новото истражување покажа дека децата од женскиот пол се повеќе приврзани со родителите и дека подоцна во животот подобро се грижат за нив.
Кога се работи за вдомување на родителите во поодминати години, ќерките ќе им обезбедат многу повеќе нега одошто синовите, покажа истражувањето на Американското социолошко здружение. Студијата опфати податоци на повеќе од 26.000 личности и покажа дека ќерките поминуваат во просек 12,3 часа месечно грижејќи се за своите родители во поодминати години, додека пак синовите само 5,6 часа.
“Исто така, студијата покажа дека синовите помалку се грижат за родителите кога имаат сестра или брачен другар” напоменува авторот на истата Ангелина Григориева од Универзитетот Принстон.
Тоа загрижува затоа што негата за повозрасните личности е физички и емотивно многу тешка, посебно ако за неа се задолжени децата, а не личности кои се квалификувани и платени за тоа. Анкетата од 2011 година покажа дека таквите старатели имаат полошо здравје, зголемен крвен притисок, болки во коските и зглобовите, а грижата за лицата со деменција посебно може да доведе до проблем со спиењето.