Зошто Естонија ги има најпаметните деца во Европа и најдоброто образование во светот?
Естонија е една од најмалите европски земји и една од најретко населените.
“Само ако сме во нешто поинакви од другите, можеме да успееме”.
Таквиот начин на размислување ги донесе Естонците на листата на најпаметните нации во Европа.
Спрема резултатите од ПИСА тестирањето, малите Естонци се најпаметните деца во Европа и третти најпаметни во светот.
По овие резултати ги престигнаа и своите омилени комшии – Финците. Естонското основно образование е најдоброто образование во светот, покажаа резултатите од ПИСА тестирањето во 2015 година.
Во Министерството за образование на Естонија признаваат дека и тие самите се понекогаш изненадени со овие показатели, но сепак признаваат дека образованието е нивната религија.
“Причините поради ваквите добри резултати на образованието во Естонија лежат во еднаквоста и компактното школство, професионалниот кадар, ефективниот менаџмент во процесот на учење, поддршка на послабите ученици и посветување на внимание спрема специфичните образовни потреби.
Она најважното – образованието се цени во Друштвото, велат од Министерството за образование во Естонија.
Долгорочната стратегија за учење до 2020 година има 5 главни цели:
-Променет пристап во учењето (учењето се потпира на индивидуалноста, интересите на поединецот, искуствата и потенцијалот на секој ученик).
-Компетентни и мотивирани учители и директори во училиштата.
-Подобра поврзаност на образованието со потребите од работна сила.
-Дигитална револуција која претставува процес на учење за целиот живот.
-Еднаква шанса и зголемено учество во учењето кое мора да трае за целиот живот.