
Зошто имате фрустрирани деца?
Зошто имате фрустрирани деца?
Децата кои имаат недостаток на внимание и поддршка од родителите, најчесто се фрустрирани и хиперактивни, покажуваат студиите.
Фрустрираните деца, најчесто често плачат, се лутат и имаат изливи на бес. Истражувањето е направена на 183 пара родители и нивните деца на возраст до 5 години.
Во тек на 6 месечен период истражување на родителите го потенцирале фактот дека често користат технологија и го опишувале однесувањето на своето дете.
Скоро во сите случаи времето поминато со разни уреди, па дури кога се работело и за еднаш на ден, значело прекин на квалитетна комуникација помеѓу родителите и децата. И мајките и татковците приметиле дека тој прекин влијаел врз однесувањето на детето со што нивото на стрес кај детето било зголемено.
Овие ситуации се реалност во 21 век. Родителите се навикнати да се свртат кон популарните средства со што би направиле пауза.
Дополнително на ова, доколку родителите се незадоволни со сопствената семејна ситуација или пак друштвен живот, уште почесто ќе бидат наклонети кон технологија, играње на игри и слично.
Научниците предложуваат да се одвои одредено време во текот на денот кога нема да се употребува технологија и им се предлага на родителите да шетаат во парк и подобро да читаат весници отколку мобилни, бидејќи според нивните сознанија тоа прави помало нарушување на односот со децата од разговот или пак сурфање на мобилен телефон.