• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Зошто мајката треба да му потпевнува на своето бебе
Зошто мајката треба да му потпевнува на своето бебе

Зошто мајката треба да му потпевнува на своето бебе

Мајчиниот глас или пеењето на бебето, а особено на предвреме родените бебиња, може да им помогне за полесно да заспијат и посмирено да дишат.

Анализата е заснована на повеќе од десет клинички испитувања на гласовните влијанија од родителите на предвреме родените бебиња во текот на престојот на интензивната нега во породилиштето.

Најголем број од истражувањата е насочен на потпевнувањето на мајката на своето бебе. Некои истражувања користеа и снимка од гласот на мајката. Познато е дека бебето го препознава гласот на мајката по раѓањето, но за предвреме родените бебиња во тоа имаше сомнеж, затоа што тие последните месеци од бременоста наместо во матката ги поминуваат надвор од неа, а тогаш бебето најмногу го слуша мајчиното срце како прв звук кој ќе го чуе. Имено, тоа е првата музика за која бебињата се врзуваат. Недостатокот на тој звук кај предвреме родените бебиња, според истражувањата може да се надополни со мајчиниот глас кој треба да биде препознатлив, едноставен и уште подобро ако на бебето му се потпевнува со прост предвидлив ритам со периодични затишја.

Познат глас може да биде и гласот на таткото, а не само на мајката, а успаванките на двајцата родители помагаат во смирувањето на пулсот кај бебето и полесно и посмирено дишење. Исто така, забележано е дека потпевнувањето на предвреме родените бебиња го намалува стресот на двајцата родители, така што оваа музичка терапија има позитивно влијание и на бебето и на родителите.

Резултатите од 14 клинички истражувања на повеќе од 1000 предвреме родени бебиња покажаа јасно позитивно влијание на потпевнувањето на мајките на своите бебиња. Бидејќи бебињата се невролошки незрели, ова е важно затоа што евентуалната неприкладна стимулација може да им наштети.

Поради се наведено, во многу земји за предвреме родените бебиња се советува музичка терапија. Таа терапија не мора да биде традиционална успаванка од родителите, туку може да биде и нивната омилена музика во поблага форма.

И тивок чувствителен глас без музика може да му помогне на бебето како најдобар лек за поврзување со родителите, а и на самите родители за пониско ниво на стрес и поврзување со бебето.