• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Зошто на трудниците им е потребно повеќе спиење
Зошто на трудниците им е потребно повеќе спиење

Зошто на трудниците им е потребно повеќе спиење

Едно истражување кое беше спроведено од неодамна, препорачува преспивање во текот на денот за трудниците, со оглед на тоа дека попладневниот сон многу добро влијае на здравјето на нивните бебиња.

Дури и ако не сте личност која сака да спие во текот на денот, тоа знае да се промени во иднина, особено по третото тримесечје кога трудниците чувствуваат повеќе замор од вообичаено.

Сега постои и научен доказ кој ги поттикнува идните мајки да ги “затворат” очите во текот на денот.

Спрема истражувањето објавено во научниот магазин Sleep Medicine, трудниците кои редовно спијат имаат помали шанси да родат дете со мала породилна тежина, помала од 2.4 килограми. Малата породилна тежина поврзана е со здравствени компликации во текот на детството и на подоцнежната возраст, како болест на дишниот состав и хипертензија. Поради тоа, спиењето не само што ви помага да ви биде полесно послепладне туку има и некоја потенцијална голема корист за долгорочното здравје на вашето бебе.

Имено, истражувачите анализираа податоци од повеќе од 10.000 трудници и дознаа дека идните мајки кои имале редовен сон околу 60 до 90 минути во текот на денот, имаат 29% помали шанси да родат дете со помала породилна тежина од оние кои не спиеле во текот на денот.

Исто така, дознаа дека спиењето во текот на денот барем пет дена во неделата ги намалува шансите за мала породилна тежина за 22%.

“Ова истражување е уште еден показател за важноста на сонот за здравјето на идните мајки и нивните бебиња. Бременоста е како тест на стрес кој покажува какви здравствени проблеми можете да имате подоцна, па затоа важно е уште одсега на тоа да му посветите внимание”, вели Сузан Каран, чиј тим ја истражува поврзаноста помеѓу породилната тежината на бебето и навиките за спиење на мајката.

Ако ова не ви звучи доволно убедливо, имајте на ум дека трудничкиот замор е предизвикан од физички и хормонални промени низ кои вашето тело минува во текот на бременоста. Освен тоа, спиењето во текот на ноќта често знае да биде прекинато поради честите одења во тоалетот и физичката нелагодност во текот на третото тримесечје.