• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  ЗОШТО НЕ Е ПРЕПОРАЧЛИВО ДА СЕ БАКНУВА ДЕТЕТО ВО УСТА
ЗОШТО НЕ Е ПРЕПОРАЧЛИВО ДА СЕ БАКНУВА ДЕТЕТО ВО УСТА

ЗОШТО НЕ Е ПРЕПОРАЧЛИВО ДА СЕ БАКНУВА ДЕТЕТО ВО УСТА

Дали некогаш сте се запрашале колку опасно може да биде ако го бакнувате своето бебе во уста? Денес е нормална работа родителите да го опсипуваат бебето со љубов и бакнежи од устата до стапалата, но дали е тоа добро за здравјето на бебето? Во некои земји бакнувањето во уста е дел од обичајот, додека кај некои сеуште се полемизира за оваа тема.

Бакнувањето во уста на некој начин е нормално покажување на љубов кон детето но медицинската страна наведува на тоа дека бакнувањето во уста не е здраво, бидејќи возрасните можат да пренесат инфекција на детето. Една од нив е “citomegalovirus”, многу распространета вирусна болест која се шири по пат на плунката, ракување со друга личност или со кивање во рака.

Мононуклеоза

Попозната како “болест на бакнежот”, припаѓа на фамилијата на херпеси, и најчесто се пренесува преку бакнеж, со користење на ист прибор за јадење или користење на иста чаша, преку кашлање….

Симптоми

Грозница, отечени лимфни чворови, мачнина, повраќање, екстремен умор и апатија.

Превенција

Ставете им до знаење на сите членови на семејството или на пријателите дека не сте поборник на бакнување на детето во уста при игри или поздравување, а исто така на некој начин обрнете им внимание на децата дека приборот за јадење не смее да го делат со другите.

Новороденото бебе нема имун систем кој ќе се бори со ваква врста на болест, па затоа во секој случај избегнувајте го бакнувањето на бебето, не само за тоа дека тоа се совети на лекар, туку затоа што ви е важно здравјето на бебето.