Зошто новороденчињата плачат без солзи
Дали сте забележале дека плачот на малечките во првите недели од нивниот живот не е пропратен со солзи?
Новороденчињата не можат да произведат вистински солзи затоа што нивните солзни кесички во тој период сеуште не се доволно развиени. Во многу случаи, неразвиените солзни кесички можат да бидат запушени со плодова вода извесно време по пораѓајот.
Секое бебе е родено со базални солзи, што значи дека нивните солзни вреќички ќе произведат доволно влага за нивните очи да бидат влажни и здрави. Вистинските солзи кај бебето се јавуваат помеѓу 3 –тата и 12 –тата недела од раѓањето. Во некои случаи, процесот може да потрае до првите неколку месеци од животот на бебето.
“Бебешките солзни вреќички сеуште се развиваат по пораѓајот и потполно е нормално да не испуштаат солзи во првите неколку месеци”, вели педијатарот Тања Ремер Алтман.
Интересно е тоа што и покрај недостатокот на вистински солзи, новороденчињата плачат рефлексно. Тоа е поjава слична на онаа кога на возрасните им се јавуваат солзи кога, на пример, сечат лук.
Покрај тоа, бебињата се родени и со делумно функционални плунковни жлезди. Во почетокот, храната за бебињата е потполно течна, така што не постои потреба за плунка.
Во текот на првите три месеци од животот на бебето, неговите плунковни жлезди ќе се активираат и тогаш доаѓа до друг проблем – голтање на сопствената плунка, што е вештина која бебето треба да ја развие во иднина. Тоа е една од причините поради која бебињата често се лигават.