Зошто се јавува запек кај бебето?
Неправилното варење на храната може да се случи од неколку причини, а една од нив, особено во првите денови по раѓањето, е бебето можеби да не добива доволно храна.
Валканите пелени и редовната столица се сигурен знак дека бебето е здраво. Недостатокот на ова е причина за аларм, иако е ретко бебињата кои мајките ги дојат имаат запек, но може и тоа да се случи.
Бебето до четвртиот месец кака три до четири пати на ден, а бројот на столици се намалува кога во исхраната ќе се вклучи цврста храна. Неправилното варењето на храната може да се случи од неколку причини, а една од нив, особено во првите денови по раѓањето е бебето да не добива доволно храна. Исто така ако детето прави чудни изрази со лицето или стомакот му е цврст и при тоа одбива да јаде, е знак дека се работи за запек. Причината може да биде формулата со која мајките ги хранат своите деца, кога тие немаат доволно млеко, бидејќи таа може да ја зацврсти столицата, особено ако детето е нетолерантно на лактоза или има некоја форма на алергија на млечни протеини. Запек, исто така, може да предизвика мајчиното млеко ако во исхранта користите премногу сирење, јогурт и други млечни производи.