Зошто сеуште не ги чуствувам движењата на бебето
Првото движење – најубавиот момент
Веројатно најубавиот момент во животот на секоја бремена жена е кога првпат ќе ги почувствува движењата на бебето во стомакот. Честопати се случува бремената жена да се загрижи ако тоа не се случи во период според некои истражувања кога треба да се случи, но најчесто нема причина да се плашите, бидејќи движењата на бебето се чувствуваат за прв пат во зависност од бројни фактори. Еве го одговорот на некои од прашањата за првите движења на вашето бебе.
Кога ќе ги почувствувам првите движења на бебето?
Бебињата во стомакот почнуваат да се движат во седмата или осмата недела од бременоста, што веројатно сте биле сведоци на некои од ултразвучните прегледи. Сепак, неговите први движења, најверојатно, ќе гипочувствувате помеѓу 16 и 22 недела од бременоста.
Жените кои веќе имале бебе најверојатно ќе ги почувствуваат порано отколку бремените жени кои го очекуваат своето прво бебе. Конструкцијата на телото на една бремена жена, исто така, може да влијае на моментот кога ке се почувствува првото бебешко движење – послабите жени веројатно ќе ги почувствуваат овие движења порано од оние со поголема тежина.
Какво е тоа чувство?
Многу жени ги опишуваат првите движењана бебето како “пукање пуканки”, “пливање риба” или “летање на пеперутки”. На почетокот, овие нежни движења, најверојатно, ќе се мешаат со работата на цревото или гасовите, но што почесто ги осеќате ке умееете да направите појасна разлика. Најраните движења најдобро ќе ги почувствуваат ако седите мирно или легнете.
Колку често ќе ги чувствувам движењата на бебето?
На почетокот, движењата на бебето ќе бидат доста ретки. Може да се случи да ги почувствувате неколку во текот на денот а следното дури за неколку дена. Иако вашето бебе се движи во стомакот, повеќето од неговите први движења не се доволно силни за да ги почувствувате. Но, на крајот од второто тримесечје од бременоста, движењата ќе станат посилни и ќе ги чувствувате во редовни интервали.
Ако се обидете да ги споредите вашите движења со движењата на другите бремени жени, не грижете се ако се различни. Бидејќи секоја бременост се разликува, така и активноста на бебето е различна.
Дали треба да ги следам движењата на бебето?
Кога ќе успеете да фатите некој ред во движењата на вашето бебе обратете внимание дали нивото на активност е зголемено или намалено. Недостатокот на движење може да покаже дека може да има проблем. Ако не ги чувствувате движењата на вашето бебе подолго време, пр. во период кога било многу активно, јавете се кај вашиот лекар или одете на превентивен преглед.