ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Зошто треба да ги проверите чорапчињата на бебето, ако плаче без особена причина
    Зошто треба да ги проверите чорапчињата на бебето

    Зошто треба да ги проверите чорапчињата на бебето, ако плаче без особена причина

    Сакаме да ви објасниме една причина во која се крие реална опасност. За жал, поголемиот број на родители не знае за неа.

    Многу од родителите ги плаши ситуацијата кога не можат да сфатат зошто бебето неутешно плаче. Сито е, здраво, но од некоја причина не може да се смири.

    Тешко е да се поверува, но тоа е најобично влакно кое некако се нашло во бебешкото чорапче. Тоа може да се замота околу бебешкото прсте, што предизвикува бебето да прави многу различни движења. Влакното предизвикува силна болка и ја прекинува циркулацијата, што може да доведе дури и до ампутација на прстето ако на проблемот не се реагира правовремено. Како одминува времето се потешко е да се забележи влакното затоа што ткивото околу него ќе набабри, односно ќе отече. Таа појава на англиски се нарекува hair tourniquet (врвка од влакно).

    Младите родители Скот и Џесика Вокер се соочиле со таа појава. Нивната ќерка цел ден плачела иако изгледало дека нема причина за тоа. Џесика ги соблекла чорапчињата на бебето со надеж дека тоа малку ќе го смири и го забележала бебешкото прсте отечено и зацрвенето. Се испоставило дека за сето тоа е виновно влакното кое се замотало околу прстето.

    Да немале пинцета и лупа, ситуацијата би можела да биде уште полоша.

    Ова не е честа појава, но сепак мал број на родители во целиот свет понекогаш се соочува со неа.

    Како ни самите не сме знаеле за овој проблем, мислиме дека е подобро што повеќе луѓе да дознаат за него.