Зошто треба на децата да им повториме едно и исто нешто сто пати?
Колку пати сте се изнервирале кога на вашето дете треба да му повторите едно исто нешто безброј пати? Изгледа дека си “седи на ушите” или едноставно те игнорира. Да бидеме искрени, ова повторување може да ви донесе лудило. Но, зошто е тоа така? Дали не игнорираат целосно или работата е во нешто во нешто друго? Одговор имаме од Семејниот тренер Драгана Алексиќ
Процесот на учење на рана возраст е многу сложен, бидејќи во тој период се развива и мозокот, како орган, а вон овој развој мора да ги обработува сите информации кои доаѓаат до детето – секој нов звук, вкус, мирис, допир, боја, нови песни, приказни, нови лица, нови зборови, форми, правила, барања … еден збор безброј работи!
Покрај сево ова мозокот учи како да ги систематизира сите овие информации – што ќе стави во долгорочна меморија, а што не. Со оглед на тоа дека на мозокот на детето се му е ново, нема нервните врски (кои се формираат и се зајакнати преку повторувачко искуство), мозокот “сам одлучува” како се тоа ќе го филтрира и отфрла се што за него му е вишок.
Значи, штом нешто ќе му покажеме ,кажеме или објасниме на детето, оваа информација многу кратко сезадржува во неговата краткорочна меморија (до 30 секунди), а потоа може да се очекува дека мозокот едноставно таа информацијата ја одбил затоа што “не знае” дека тоа е важно за нас детето да ја запомни.
Затоа клучот е – за граници, правила за учење и почитување на договорот – соодветно повторување. Кога родителот ги повторува во иста ситуација истите правила и тоа што го зборува го поврзува со покажување (слики за полесно помнење), и кога се ќе “обои” со позитивна емоција која може да се почувствува во неговиот глас и се гледа на лицето, тогаш се создадени вистинските услови да тоа барање се задржи во меморија на вашето дете .
Кога родители ме прашуваат – Колку пати треба да му повторам на моето дете? – Им одговарам – Бар еден милион. Тогаш ја сфаќате целата оваа приказна без товарот дека детето е непослушно, затоашто не е, туку процесот на учење е на долг рок.