ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Зошто трудниците сакаат нездрава храна?
    Зошто трудниците сакаат нездрава храна?

    Зошто трудниците сакаат нездрава храна?

    Неодамна на Интернет е спроведена анкета на основа на која е констатирано дека блиску 85% од Американките чувствуваат во бременоста голема потреба за одреден тип на храна. Приближно 40% од трудниците посакале слатки, додека 33% посакале солени грицки. На трето место е лутата храна, за која желба имаат 17% од жените, потоа следи свежото овошје, кое го посакуваат 10% од жените.

    Горко

    За чудо, во само неколку научни истражувања испитувани се необични прехрамбени барања од трудниците. Така е утврдено дека трудниците често посакуваат солена храна, но дека слабо чувствуваат вкусови и дека се чувствителни на горко.

    Солено

    Потребата за сол можеби е предизвикана од фактот што на трудниците им е потребно повеќе сол за да ја оддржат рамнотежата на течности во организмот. Одбојноста спрема горките производи е тешко да се објасни, но некој смета дека жените така ги избегнуваат отровните билки, кои најчесто се горки.

    Слатки

    А зошто трудниците сакаат слатко донекаде расветлуваат истражувањата за промена на осетите за вкус кај жените за време менструалниот циклус. Во другиот дел од менструалниот циклус расте нивото на прогестерон и жените често имаат потреба за храна богата со јаглехидрати и масти. Во првата половина од циклусот, кога е зголемено нивото на естроген, повеќе им годи слатко.

    Хормоните диктираат или…

    Иако во бременоста се зголемува нивото на двата хормона, прогестеронот се лачи сразмерно повеќе од естрогенот, што донекаде ја објаснува потребата за слатка храна со високи енергетски вредности , како што се чоколадото или тортата (најдобро и едното и другото истовремено).

    Многу луѓе сметаат дека се посакува храна која му недостасува на организмот. И иако овие претпоставки сеуште никој конкретно ги нема испитувано кај трудниците, постојат докази дека тоа би можело да биде точно.

    Ли Гибсон и неговите соработници од Универзитетот Рохемптон во Лондон им дадоа на испитаниците во експерименталната група да пробаат две различни видови на супи, едната богата со протеини и другата “сиромашна”. Неколку дена подоцна доброволците имаа прилика да одберат за ручек една од двете супи, но некое време пред тоа го намалија внесот на протеини или добија да испијат раствор со протеини. Испитаниците кои внесуваа помалку протеини ја одбираа супата полна со протеини и изедоа многу повеќе. Со други зборови, ако ви недостасуваат протеини, несвесно ќе сакате храна која изобилува со нив.

    “Изгледа дека брзо учиме да бараме храна која ни обезбедува потребни хранливи материи како што се протеините”, вели Гибсон.

    ..Или храната како утеха

    Согласно тоа, можеби и потребата за слатка, масна храна е одраз на потребата за енергија, меѓутоа Гибсон предупредува дека исто така може да биде одраз на потребата за емоционална утеха, затоа што оваа храна ни носи големо задоволство. И затоа, кога ќе почувствувате неодолива желба да изедете сладолед, можеби е добро да се присетите што се сте изеле тој ден пред да заклучите како на вашето бебе му недостасува нешто што го има само во бисквитот со чоколадни трошки.