Зошто ултразвукот во 36-тата недела од бременоста е исклучително важен
Тим на научници од Кембриџ направија ултразвук во 36-тата недела од бременоста кај 3879 трудници кои раѓаа за прв пат – и дојдоа до важни заклучоци.
Стотина итни царски резови би можеле да се спречат доколку на трудниците им се прави ултразвук во поодмината фаза од бременоста, покажа истражувањето спроведено на Универзитетот во Кембриџ.
Рутинскиот ултразвук во 36 тата недела може да им помогне на докторите да утврдат во која положба се наоѓа бебето, со што можат да ги спречат евентуалните компликации на породувањето.
Тим на научници од Кембриџ правеа ултразвук во 36-тата недела од бременоста кај 3879 трудници кои раѓаа за прв пат. Кај 179 жени утврдија дека бебето е свртено со нозете надоле, што може да биде многу опасно, а кај половина случаи не е ни посомневано во тоа.
Дијагностицирањето на оваа положба на време, им дава на жените шанса, со помош на стручни лица – лекари и бабици, да се обидат да го свртат бебето пред породувањето.
Исто така, во случај да се утврди дека бебето е завртено “поинаку”, може на време да се планира царски рез, но сепак ќе се избегнат ризични ситуации и потреба за итен царски рез.
“Веруваме дека со овој ултразвук би се идентификувале трудниците кај кои постои зголемена шанса за компликации при породувањето” вели професорот Гордон Смит од Универзитетот Кемриџ.
Една од 25 трудници носи карлично поставено бебе, додека кај помалку од нив десет, бебето се врти во правилна положба само од себе, односно природно.