
Звуци кои значат дека бебето учи додека спие
Во текот на првата година од животот бебето многу брзо преминува од еден развоен период во друг. Сите тие нови развојни скокови мораат да бидат преработени и асимилирани, а тоа најчесто се случува додека спие. Затоа не се грижете кога ќе го чуете вашето бебе како во сон произведува среќни и активни звуци – дека се смее, цица или вреска, и тоа прво високо и гласно, а потоа длабоко и тивко.
Еден од најголемите пресвртни периоди се случува помеѓу четврттиот и деветтиот месец, кога се работи за времето кога најмногу ќе можете да го чуете огласувањето на своето бебе. Како ќе му се развиваат говорните способности, така се почесто ќе можете да чуете и распознаете “ма-ма-ма” или “та-та-та”. Тоа нема да значи дека тоа ве повикува, туку дека вежба како да го постави јазикот како би можело да ги произведе звуците кои ги слушало додека било будно.