ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Играчки за бебе од 2-6 месеци
    Играчки за бебе од 2-6 месеци

    Играчки за бебе од 2-6 месеци

    Внимание: Бидете сигурни дека играчката е безбедна. Сите бебиња на оваа возраст ќе почнат да ставаат предмети во устата.Играчките мора да бидат добро изработени или сошиени и не смеат да имаат мали слободни делови. Редовно прегледувајте ги сите играчки за да бидете сигурни дека ги исполнуваат овие стандарди.

    Подлога за играње: Се продаваат во многу продавници за бебиња и се поставуваат на подот. Подлогите се во различни форми и бои, а имаат и висечки делови што го тераат бебето да мавта, а со текот на времето и да ги досегнува работите што ги сака.

    Книги : Одберете книги што бебето може да ги открива со сите сетила. Книги од картон, ткаенина или пена се убав начин бебто да се заинтересира за читање. Дозволете му да си игра со нив  како што сака, без разлика дали ги гледа, допира или гризе.

    Инструменти: многу бебиња уживаат да свират и да слушаат музика. Мали тапанчиња и ѕвонци (без остри рабови) можат позитивно да влијаат  на развојот на звучните сетила.

    Вртелешки: На 6 месеци бебето веќе може да гледа бои и да распознава комплексни форми. За понатамошен развој на сетилото за вид, одберете висечка или подвижна вртелешка со необични форми и силни бои. Заменете ја црно-белата вртелешка над креветчето со шарена или поставете нова на некое место каде што бебето лежи.

    Тропалки, топки и играчки за стискање: Додека ја развива способноста да фаќа и да поместува објекти, дајте му на бебето играчки за в рака. Оние што испуштаат звуци ќе го научат на принципот на причина и последица.

    Експерстски совет – Понекогаш, најдобрите (и најефтините) играчки за бебето се секојдневните предмети од домаќинството, на пример лажици и подлоги за чаши. За вас тие се добро познати, но за бебето се нови и возбудливи.Одберете предмети што се доволно големи за да не можат да му влезат во уста, ниту, пак, да го задушат, а притоа немаат слободни делови и остри рабови.