ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Сок од Аронија – одлични придобивки за целото семејство
    Сок од Аронија - одлични придобивки за целото семејство

    Сок од Аронија – одлични придобивки за целото семејство

    За аронијата, голем број стручни лица ќе кажат дека е “иднина на здравјето”, поради нејзината голема лековита моќ врз човечкиот организам. 

    Посебно, сокот од аронија се користи како природен лек и тоа секако не е без причина, бидејќи за придобивките од истата зборуваат многу пријатни искуства. 

     Аронијата ефикасно го прочистува организмот од штетни супстанци. Претставува одлична превенција од настинки, ја подобрува циркулација, влијае врз зголемувањето на енергија, одлично влијае на системот за варење, го нормализира притисокот и го подобрува имунитетот. Ова се само мал дел од придобивките кои би ги имале од конзумирање на овој производ.

    Она што е најважно е дека е препорачлив и погоден како за деца така и за возрасни луѓе.  

     Во голем број на случаи е докажано дека таа дури има и големо влијание во убивањето на канцерогени тумори на бели дробови, дојки, дебело црево и слично. 

     Аронијата е одличен антиоксидант, а неговиот сок има уште поголем број на бенефиции.

     Сокот од аронија може или да го купите или да го направите. Тој се конзумира во многу мали количини, затоа цената за истиот не би требало да ви претставува проблем доколку го купите. Но без разлика на тоа, треба да се потенцира дека малку зголемента цена во споредба со останатите сокови е целосно оправдана, токму поради неговата моќност. Органскиот сок од аронија може да го најдете во продавниците за здрава храна – Bio Cosmos

    biocosmic, aronija, sokodaronija, babyshop, babyshopmk

     Како се пие сокот од аронија?

     Сокот од аронија се пие во количина од 1 до 3 мали чашки за ракија на ден, и ништо повеќе од тоа. За возрасни лица кои се здрави се препорачува секое сабајле по една мала чашка за ракија пред да го започнете вашиот оброк, за лица кои се болни се препорачува по една чашка за ракија пред секој оброк, но не повеќе од три пати, додека за деца исто така е препорачливо да се конзумира, но не повеќе од 1 мала чашка за ракија. 

    Сокот од аронија, најдобро е да се конзумира половина час пред јадење со цел максимално да се искористат корисните состојќи од овој феноменален напиток.

     Битно е да се напомене, дека сокот од аронија, не треба да се конзумира долг период.

     Треба да се чува на темно и ладно место.